Мегаскандал во казино: Кривична за поранешни управители, адвокати и судија

До Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесена е кривична пријава против П.Т. (69) од Лондон, Англија, со привремен престој во Гевгелија и поранешен управител во „Југосвен“, Гевгелија , А.Р.(64) од Гевгелија, поранешен управител во „Корона Интернационал“ ДОО Скопје, во „Југосвен Гевгелија-Турист“ и во „Корнелија“ ДОО од Гевгелија , Л.К.(45) од Скопје, поранешен управител со ограничени овластувања на „Корона Интернационал“ ДОО од Скопје ,  З.Ш.(56) од Гевгелија,  адвокат на „Југосвен Гевгелија-Турист“, „Стелар Интернационал“ Маџуро, Република Маршалски Острови и полномошник во „КХЛП“ ДООЕЛ од Скопје, Ж.К.П.(48) од Гевгелија, адвокат на „Стелар Интернационал“, Маршалски Острови, Ј.М.(45) од Гевгелија, адвокат на „Ајтона Холдинг“, Панама и „Стелар Интернационал“, Маршалски Острови, С.К.(60) од Штип, Судија во Основен Суд Гевгелија, како и против Б.Ф.(44) од Екеро, Шведска, овластен потписник на сметката на „Стелар Интернационал“ од Маршалските Острови.

Како што информира МВР, пријавените делувале како огранизирана криминална група составена од македонски и странски државјани (Велика Британија и Шведска), во периодот од 2004 до 2007 година, кога со намера да се стекнат со имотна корист и капитал, извршиле повеќе кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело, предвидени и казниви според кривичниот законик на Република Македонија.

Затајување данок и склучување на фиктивни договори

Пријавениот П.Т…