Меѓународен ден на постари лица

Денеска се одбележува 1 октомви, Меѓународниот ден на постарите лица.

На 14 декември 1990 година Генералното собрание на Обединетите нации со резолуцијата 45/106 го прогласи 1 октомври за Меѓународен ден на постарите лица со цел да се нагласи важноста на осигурувањето на животната средина кое може да се приспособи на потребите и сопсобностите на лицата од третото доба.

Светската здравствена организација во „Бразилската декларација“ прашањето на здравото стареење го поставува во контенкст на одржливиот развој, а здравите постари лица ги смета за важен ресурс на своите семејства, заедници и економии.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на постарите лица во светски рамки започна на 1 октомври 1991 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.