Меѓународен фолклорен фестивал во Автокоманда

Утре со почеток во 20:30 на плоштадот во Автокоманда ќе се одржи концерт во рамкитена петтиот Меѓународен фолклорен фестивал, на кој ќе учествуваат Ансамбли за народни песни и игри од Бугарија, Словенија, Словачка, Чешка и домаќинот на Фестивалот ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски”.

Фолклорниот фестивал ќе го отвори градоначалникот Тони Трајковски.