Меѓународен меморијален турнир во куглање „Гаврило Гаврилски“

Во кугланата во спортскиот центар „Борис Трајковски” утре во 10 часот ќе почне дваесетиот по ред јубилеен меѓународен меморијален турнир во куглање „Гаврило Гаврилски“, а официјалното отворање ќе биде во 11 часот. 

Турнирот е во организација на КК “Макпетрол” и на истиот покрај домаќините учество ќе земат и екипите на актуелниот светски клупски шампион „Подбрезова” (Словачка), “Борац” од Бања Лука (Босна и Херцеговина), Црвена Ѕвезда од Белград (Србија).

Освоените бодови на овој турнир се бројат во АТП листа на меѓународната кугларска федерација

Влезот на турнирот е бесплатен.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.