Меѓународен саем за туризам во Скопје

Туроператори од Македонија во текот на денешниот ден, во рамки на Меѓународниот саем за туризам во Скопје ќе ја презентираат понудата и ќе ја разгледаат можноста за соработка со светски туристички агенции и хотелиери.

– Целта е директно да се запознаат со нивните услуги и да разменат информации за што подобро да бидеме подготвени нашата услуга да ја претставиме пред клиентите, изјави Ветон Груби, претставник на Вас травел груп, организатор на саемот.

Од македонските туристички агенции, според Груби, интересот е голем. Присутни се претставници и од Албанија, Грција, Црна Гора, Турција, Бугарија, Египет, Тајланд и Малдиви.

– На средбите со светски туроператори и хотелиери разменуваат искуства. Мислам дека тоа ќе биде од голема помош за туристичките работници во Македонија да се подготват што попрофесионално да им одговорат на барањата на нивните клиенти, изјави Груби.

Меѓународниот саем за туризам „Вас травел фер 2015“ започна вчера со средба на туроператорите во Тирана, а ќе продолжи утре во Приштина.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.