Меѓународна акција против трговија со луѓе

Припадници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) на БиХ по налог на босанското Обвинителство извршија претрес на неколку објекти во Сански Мост, во текот на меѓународната акција која се спроведува истовремено во Германија и Австрија поради трговија со луѓе, објави МИА.

Истрагата е насочена против група турски државјани кои се осомничени за трговија со луѓе и меѓународна мрежа за проституција.

Германскиот весник „Билд“ објави дека во Германија се уапсени најмалку пет лица, нагласувајќи дека во Штутгарт биле претресени неколку елитни бордели.

Во акцијата во неколку германски покраини учествуваат најмалку 800 полицајци, чија цел е да откријат меѓународен синџир на организиран криминал, поврзан со трговија на луѓе поради проституција.