Меѓународна конференција за криминалистика на Факултетот за безбедност

Меѓународна конференција за криминалистика до борба против современиот криминалитет ќе се одржи денеска на Факултетот за безбедност.

Конференцијата ќе ја отворат Министерката за внатрешни работи на Република Македонија Гордана Јанкулоска, Проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола проф. д-р Пере Аслимоски и Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје проф. д-р Оливер Бачановиќ.

На Конференцијата ќе учествуваат претставници од Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија.

На научниот собир, голем број професори и научни работници ќе презентираат свои трудови и ќе дебатираат од областа на криминалистиката, кривичното право, безбедноста, криминологијата и други сродни научни области барајќи одговор за сузбивање на современите форми на криминалитет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.