Mеѓународна работилница за ХАЕ

Во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи меѓународна работилница за реткото заболување Хередитарен ангиоедем – ХАЕ, на која врвни експерти од Италија и Унгарија ќе ги претстават најновите сознанија врзани со дијагностика, лекување и истражување за ова заболување.

Се очекува присутните на работилницата да усвојат заеднички документ во кој ќе бидат претставени принципи за дијагностицирање, третман и грижа за пациентите со ХАЕ, а претставници од земјите од регионот ќе ја презентираат состојбата со пациентите заболени од ХАЕ кај нив.