Меѓународни експерти пристигнаа на местото на авионската несреќа

Седумдесет и осум меѓународни стручњаци пристигнаа денеска на местото каде што на 17 јули се сруши малезискиот патнички авион со 298 патници и членови на екипажот во регионот на Доњецк, соопшти специјалната мисија на ОЕБС во Украина.

На местото на несреќата пристигнале осеум набљудувачи и 70 експерти со кучиња, јавува Итар тас.

Тие цел ден интензивно работеле на собирање на остатоците на жртвите,наведува ОЕБС.