Меѓународни методи за унапредување работата на администрацијата

Со започнатите реформи во македонската администрација се воведоа меѓународни методи за унапредување работата на одделенијата за човечки ресурси во администрацијата на Република Македонија, за унапредување на процесот за е-учење, како и квалитетот на работата и управувањето во администрацијата преку CAF програмата.

Проектот „Поддршка за реформите во јавната администрација“се реализираше со поддршка на Британската амбасада.

Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, програмите кои во изминатиот период се имплементирани со поддршка на Британската амбасада, преку експертска и техничка помош придонеле за професионален развој на вработените и унапредување на нивните компетенции, со цел обезбедување ефективен сервис за граѓаните, преку обуки, менторство, дебати и работилници, прирачници. Како една од последните активности реализирани во рамките на оваа програма е и јавната кампања за подигнување на свеста и значењето од воведувањето на компетенциите во работењето на администрацијата, која беше промовирана денес.

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет, истакна дека реформите во администрацијата се клучното прашање на патот кон евроинтеграцијата на земјата, за што Британија даде широка поддршка во реализацијата на проектните активности.

Соработката со Амбасадата на Обединетото Кралство во Република Македонија започна во 2011 година, кога беше потпишан Меморандумот за соработка во рамките проектот „Поддршка за реформите во јавната администрација“