Македонија

Меѓународниот ден на младите ќе се одбележи пред Школка

Меѓународниот ден на младите ќе се одбележи пред Школка

По повод Интернационалнот ден на млади според Обединети Нации и овогодинешната тема „Младите и менталното здравје“, група членови на „Младите Можат“ во соработка со „Центар за јога и личен развој“ организираат тричасовен настан од 17 до 20 часот во градскиот парк кај Школка.

Настанот ќе биде посветен на надминување на психичките состојби со кои младите денес се соочуваат, но на кои од различни причини не им се дава доволно важност. Главна цел на настанот е да се увиди важноста на водење на ментална хигиена како и да се одбележи денот преку: Час по јога, за кој ќе ви биде потребна подлога за вежбање, отворена дискусија на темата и креативна работилница „Изрази се, искажи се“.

Целта на Интернационалниот ден на млади е да се подигне свеста и да се даде значење на проблемите со кои се сочуваат младите денес. Прогласен е од страна на Обединети Нации во 1999, а по прв пат е обележан на 12 август 2000 година.

Затоа, Младите можат ве покануваат заедно да го одбележиме овој ден, а од вас се бара само да понесете позитивна енергија.