Меѓународниот турнир во Нант ќе биде последната проверка за нашите ракометари

Македонската ракометна репрезентација од денеска ќе претстојува во Франција, каде ќе учествува на турнир во Нант.

Освен Македонија, на овој турнир учествуваат селекциите на Франција, Алжи и Аргентина.

Првиот меч ракометарите го играат против Алжир во петок, а доколку победат во сабота најверојатно ќе се сретнат со домаќинот Франција која секако е фаворит во пресметката со Аргентина, што ќе биде можност да се тестираат вистинските можности на избраниците на селекторот Ивица Обрван.

Двата натпревара на нашата ракометна селекција во Нант ќе имате можност да ги следите на МТВ1.

Од Франција, македонската репрезентацијата заминува директно за Катар каде што ќе има пет дена за аклиматизација и прилагодување на условите и на салите во кои ќе се одработат последните тренинзи и ќе се финализира стратегијата за 16-ти јануари и првиот противник во групата, селекцијата на Тунис.

Мечевите од Мундијалот во Катар исто така ќе ги пренесува МТВ.