Меѓународно признание „Амбасадор на пријателството“ за Раде Силјан

Во прес-центарот на Бугарската телеграфска агенција – БТА во Софија на 30 октомври 2014 година,пред стотина присутни писатели,преведувачи и новинари беше промовирана поетската книга „Зло време“ од македонскиот поет Раде Силјан, во превод на бугарски јазик на Владимир Луков, а во издание на издавачката куќа „Богианна“, чиј главен уредник е Бојан Ангелов, актуелен претседател на Сојузот на бугарските писатели.

За делото на нашиот писател говореше литературната критичарка акад. Благовеста Касабова , која констатира дека „Силјан спаѓа во редот на автентичните поети и дека неговите лирски пораки се со универзални вредности.“

На свеченоста по повод промовирањето на поетската книга на македонскиот поет Раде Силјан, Сојузот на слободните уметници на Бугарија му ја додели меѓународната наградата „Амбасадор на пријателството“ за неговиот голем придонес во развојот на бугарско-македонските куклтурни врски.

На чинот на врачувањето на наградата присуствуваа заменикот амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија, Гоце Георгиевски и директорот на Македонскиот културен центар, Васко Шутаров.