Меѓусебни недоразбирања решавале со пиштол

Соседи од скопското село Арнакија своите недоразбирања ги решавале со пиштол.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, во расправија на 27-годишниот З.А. и 35-годишниот А.Р со пиштол испукал еден куршум кон З.А., но не го погодил.

Полицијата извршила увид по што бил пронајде гасен пиштол, а А.Р. е приведен за расчистување на случајот.