Меѓу имигрантите во Хрватска и 105-годишна Авганистанка

Меѓу имигрантите кои се згрижени во прифатниот центар за бегалци во градот Опатовац во источна Хрватска, се наоѓа и една 105-годишна жена од Авганистан, јави Хина.

Според шефот на полицијата на Вуковарско-сремската Жупанија, Домагој Џигумовиќ, 105-годишната Авгаинстанка пристигнала во центарот во Опатовац денеска околу пладне.

Ова е досега највозрасниот имигрант регистиран во текот на актуелната бегалска криза во Европа.