петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 57

Меѓународен гастрономски натпревар во Македонија

Здружението на готвачи Гастро мак од денеска до 20 месецов е домаќин на  меѓународен гастрономски натпревар со над 100 учесници.

99909374

Поврзани вести

Натпреварувачкиот дел ќе се одржи во хала 4 на Скопскиот саем утре и задутре од 8 до 20 часот. Најавено е присуство на меѓународни судии и натпреварувачи од повеќе земји меѓу кои Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Италија, Романија, Швајцарија, Словачка, Шведска, како и гости од Изеаел и Египет, најави организаторот Гастро мак, членка на WACS- Светската асоцијација на шефови на кујни.

Учесниците од земјава и странство, се поделени во јуниорски и сениорски категории, поединечно и тимско ќе се натпреваруваат во повеќе категории. Ќе учествуваат и ученици од угостителските училишта и факултетите за туризам и гастрономија од Македонија.

Паралерно во двата натпреварувачки дена во халата 4 на Скопскиот саем,  ќе се одвива и ревијален дел со многу работилници и готвења во живо од познати шефови на кујни.

Најчитани вести