Македонија

Меѓународна конференција за климатски промени во Скопје

Меѓународна конференција за климатски промени во Скопје

На конференцијата предвидено е да се обратат директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стајн, ректорот на ФОН Универзитетот Нано Ружин, како и националниот координатор за климатски промени при Министерството за животна средина и просторно планирање, Теодора Обрадовиќ Грнчаровска.

На форумот, кој има за цел да охрабри интегриран пристап и да ги усогласи напорите на заинтересираните страни за справување со климатските промени, ќе присуствуваат повеќе од 100 претставници на граѓански организации од Македонија и странство, претставници од УСАИД, УНДП, Глобален еколошки фонд, Регионален центар за животна средина за Централна и Источна Европа, Културна мрежа Рамсар, како и други претставници од дипломатските мисии во Македонија.

УСАИД на конференцијата ќе ги одбележи постигнувањата и успешното завршување на својот четиригодишен Проект за општински стратегии за климатски промени, кој подготви десет македонски општини подобро да се справуваат со локалните предизвици предизвикани од климатските промени.