четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

Меѓународна научна конференција „Филмот и духовноста” во Охрид

Со организацијата на оваа научна конференција, Институтот за филм – Филмска академија Охрид ја зацврсти соработката со Филмската академија од Прага (ФАМУ) и истовремено креираше можности за своите студенти и професори за воспоставување нови контакти со нивни колеги од чешки и словачки универзитети и филмски институции.

unnamed

Последни вести

Институтот за филм – Филмска академија Охрид (ФИОФА) беше организатор и домаќин на научна конференција на тема „Филмот и духовноста”со што институтот стана дел од синџирот на организатори на филмски конференции, кои традиционално се одржуваат уште од 1997 година.
 
На конференцијата, со свои научни трудови учествуваа четиринаесет еминентни доктори на науки, професори и истражувачи од ФАМУ,ФИОФА, Словачката Академија за наука – Братислава, Универзитетот на Константин Филозоф – Нитра, Универзитетот Масарикс – Брно, Универзитетот Паласки – Оломоуц, Универзитетот Комениус – Братислава, Академијата за сценски уметности – Братислава, Карловиот универзитет – Прага, и Универзитетот на Томаш Бата -Злин. По овој повод Институтот за филм – Филмска академија Охрид ќе издаде Зборник во кој ќе се објават научните трудови што учествувале на конференцијата.
 
            Со организацијата на оваа научна конференција, Институтот за филм – Филмска академија Охрид ја зацврсти соработката со Филмската академија од Прага (ФАМУ) и истовремено креираше можности за своите студенти и професори за воспоставување нови контакти со нивни колеги од чешки и словачки универзитети и филмски институции.
Inline image

Најчитани вести