понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 75

Меѓународно научно истражување за Тоше Проески

Во последните две години интересот на полскиот антрополог Емилиа Полак е култот во Македонија и Балканот кон Тоше Проески и неговите импликации во современите идентитети и културно живеење на локалните средини.

Меѓународно научно истражување за Тоше Проески

Меѓународно научно истражување за Тоше Проески

Поврзани вести

Антропологот Емилиа Полак од Институтот за етнологија и антропологија на културата во Варшава во Музејот на Град Скопје ќе презентира дел од резултатите и анализите на нејзиното повеќегодишно научно истражување за Тоше Проески, како најзначаен современ мит на Македонија и Балканот.

Полскиот етнолог и антрополог Емилиа Полак повеќе од пет години ги истражува традициите и културата во Македонија. Таа тргнала по стапките на големиот полски и американски етнолог и социолог Јозеф Обрембски, кој е еден од најзначајните проучувачи на битот и традициите на македонскиот народ во периодот помеѓу двете светски војни.

Антропологот Полак во своите рани проучувања на Македонија се задржала на компарација и анализа на промените во културата на различни македонски локални средини од меѓувоениот период документиран од Обрембски до современието. Во последните две години интересот на полскиот антрополог е култот во Македонија и Балканот кон Тоше Проески и неговите импликации во современите идентитети и културно живеење на локалните средини.

Во рамките на соработката на Музејот на град Скопје со културните и образовните институции во Варшава, на 25 април во 17 часот во Салонот 2 на Музејот ќе биде организирана презентација на научните анализи и наоди на полскиот антрополог. Со оваа презентација Музејот официјално ќе ја затвори изложбата на полскиот плакат, која во соработка со Музеј и Завод Штип и Универзитетот Гоце Делчев од 28 април ќе биде презентирана пред штипската публика.

 

Најчитани вести