Меѓуѕвездената цигара не емитира вештачки сигнали

Карпесиот мистериозен вселенски објект во форма на цигара откриен во октомври не емитира вештачки сигнали, покажуваат резултатите од прелиминарните истражувања на научниците кои се во потрага по интелигентни вонзменски форми на живот.

Објектот Унуамуа кој потекнува од друг сончев систем, чиешто име на хавајски јазик значи „гласник“, беше забележан на 19-ти октомври со помош на телескопот „Pan-STARRS1“ кој од Хаваи трага по објекти кои минуваат близу Земјата.

Оттогаш духовите се вознемирија. Дали е можно овој објект да биде производ на вонземска цивилизација:

Во студијата објавена во научното списание Nature на 21-ноември тим научници оцени дека станува збор за астероид, долг 400 метри и широк само 40 метри.

Ваква невообичаена форма не е забележана досега меѓу астероидите и кометите кои се формирале во нашиот Сончев систем, соопштија научниците и заклучуваат дека станува збор за астероид од меѓуѕвездениот простор.

Според астрономите, овој објект со необична форма патувал само низ млечниот пат стотина милиони години пред да влезе во нашиот Сончев систем.

Програмата Breakthrough Listen чијашто цел е истражување на вонземска технологија во Вселената го насочил во средата моќниот радиотелескоп „Green Bank“ во американската сојузна држава Западна Виџинија кон Умаумау.

„Досега не се потврдени вештачки сигнали кои би доаѓале од тој објект…, но надзорот и анализата на податоците продолжуваат“, соопштија од Breakthrough Listen.

„Не воочуваме ништо што на континуиран начин би се емитирало од Умуамуа“, вели Ендрју Сиемион, претставник на лабораторијата Breakthrough Listen при Универзитетот Беркли.

Научниците истакнуваат дека ќе продолжат со опсервацијата на овој невообичаен објект.

„Најверојатно е дека астероидот Умуамуа е лансиран од својата ѕвезда домаќин во време на некој хаотичен настан пред повеќе милијарди години, како и дека сосема случајно се нашол во нашиот Сончев систем. Но другите хипотези се толку возбудливи што вреди и натаму внимателно да се истражуваат“, додава научникот.