Механичар го „слупал“ „мерцедесот“ на Николиќ вреден милион евра

Работник во сервисот „Мерцеседес“ го „слупал“ за време на пробно возење блиндираниот „мерцедес ГЛ 500 брабас“ што претседател на Србија, Томислав Николиќ го доби на подарок од шеикот на Обединетите Арапски Емирати.

На џипот вреден милион евра налетал автобус во улицата Ѓорѓи Станојевиќ во Нов Белград, пишува српски „Информер“. Штетата е тотална, а истрагата укажува дека за несреќата е одговорен возачот на автобусот.

Работникот во сервисот е повреден и префрлен на лекување, додека за возачот на автобусот нема информации.

„Проблемот е во тоа што ова не е обичен автомобил. На страна што вреден еден милион евра, станува збор за возило кое ја обезбедува безбедноста на шефот на државата“, вели изворот на „Информер“.

Интересно е тоа дека ова е петти по ред пропуст на обезбедувањето на Николиќ, па поради тоа тој размислувал за откажуање на полициската заштита.