Свет

Меј бара построги санкции за Русија

Меј бара построги санкции за Русија

Британската премиерка, Тереза Меј, кажа денеска дека на претстојниот самит на ЕУ ќе побара да се засилат санкциите кон Русија.

Ќе извршам притисок за да го осигурам продолжението на санкциите, изјави Меј во Парламентот.

Таа додаде дека постојат некои области во кои би требало да има пооштрување на санкциите.

Односите меѓу Британија и Русија се влошија на почетокот на годинава, по труењето на поранешниот руски шпиун Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Англија, за што Лондон ја обвини Москва.