Меј и Трамп се согласиле за заедничка воена акција во Сирија

Британската премиерка Тереза Меј и американскиот претседател Доналд Трамп во синоќешниот телефонски разговор се согласиле дека од клучно значење е да се спречи сириската влада и понатаму да употребува хемиско оружје, се посочува во соопштението од Даунинг Стрит 10.

Двајцата лидери разговараа откако британската влада и даде „зелено светло“ на премиерката да им се придружи на САД и на Франција во планирањето на воена операција како одговор на наводниот хемиски напад во Сирија.

Британската опозиција побара за евентуалната воена акција да се гласа во Парламентот.

Премиерката нема законска обврска да го направи тоа иако е вообичаено