Меј: Проблемот со миграција може да се прелее во други пристанишни градови во Европа

Меј: Проблемот со миграција може да се прелее во други пристанишни градови во Европа
Меј: Проблемот со миграција може да се прелее во други пристанишни градови во Европа

Проблемот со илегалната миграција од францускиот град Кале во Велика Британија може да се прошири и во другите пристанишни градови во Европа, изјави бритаската министерка за внатрешни работи Тереза Меј, објави МИА.

Ја разгледуваме безбедноста на другите пристаништа. Свесни сме за можното премествување на мигрантите. Министерот за миграција Џејмс Брукеншир веќе разговараше со претставници на белгиските и холандските власти, дали е неопходно да се преземат мерки во нивните пристаништа, посочи Меј.

Таа додаде дека можно е да се очекува миграциски бран во Зебрјуге во Белгија и во Ротердам во Холандија.

Меј и нејзиниот француски колега Бернар Казњов денеска во Франција потпишаа договор за формирање на британско-француски центар за борба против илегалната миграција.

Криза со мигрантите: Хуманитарен Пинг – понг од Медитеранот до ЕУ

Земјите од Европската Унија, секоја на свој начин се справуваат со новата криза која ја погоди Унијата – Криза со мигрантите. Некои градат ѕидови, некои прифатни центри, некои ја менуваат законската регулатива… Во главно, се случува она што во светот стана познато како хуманитарен пинг – понг. Мигрантите се префрлаат од земја во земја се до крајната дестинација.

По еконосмките кризи, Европската унија е погодена од нова криза – Криза со мигрантите. Бегалците од Сирија, Авганистан, Африка и други земји во потрага по подобар живот избираат неколку транзитни линии преку кои се обидуваат да стигнат до Европската Унија. Во моментов земјите од Европската Унија се соочуваат со најголемата бегалска криза уште од времето на војната во Босна во 1992-та година.

Транзитни линии по кои мигрантите се обидуваат да стигнат во ЕУ

Како што покажува и табелата објавена од Би Би Си, најголем дел од мигрантите го преминуваат Медитеранот па преку Грција и Италија се обидуваат да стигнат во земјите на ЕУ.

Според податоците објавени од би Би Си повеќе од 240.000 мигранти досега во текот на годинава го преминале Медитеранот и пристигнале на бреговите на Грција и Италија, пред понатаму да се упатат кон други дестинации. Според податоците од ОН во текот на минатата недела во Грција пристигнале околу 21.000 мигранти, а Грција истовремено е една од клучните точки од каде понатаму мигрантите се упатуваат кон другите земји во ЕУ.

Исто така, голем дел од нив се обидуваат преку Турција да пристигнат во Грција, па оттаму по копнен пат се упатуваат кон конечните дестинации.

Во Кос (Грција) пристигнуваат од Бодрум (Турција), фото: АП

 

Во Кос (Грција) пристигнуваат од Бодрум (Турција)

Мигрантите кои бегаат од Сирија, Афганистан, Африка и други места ги користат поволните временски услови во текот на летото за да го преминат Егејското море помеѓу турскиот остров Бодрум во грчкиот остров. Оддалеченоста помеѓу овие два острови е само 4 километри и станува збор за еден од најкратките водени патишта помеѓу Турција и Европската Унија.

Меѓународната организација за Миграција проценува дека најмалку 2.300 мигранти годинава починале во обид да стигнат до Европската Унија. Но, нема податоци колку лица починале додека се обидуваат да го поминат Егејското море помеѓу островите Бодрум и Кос.

Во Кос (Грција) пристигнуваат од Бодрум (Турција), фото: АП

Како што пишува британскиот весник „Телеграф“, мигрантите, за жал најчесто зависат од криумчарите на мигранти, кои за таа имаат добро развиен бизнис, па дури и сопствена „такси компанија“ за пренос преку Морето.