Меј вели дека парламентот ќе гласа за конечниот закон за излегувањето од ЕУ

Британската премиерка Тереза Меј изјави во средата дека конечниот договор за излегувањето на Велика Британија ќе биде ставен на гласање во двата дома на парламентот.

„Ќе го ставиме конечниот договор за излегувањето на Обединетото Кралство и Европската унија на гласање на двата дома на парламентот, пред да стапи на сила. Очекуваме британскиот парламент пред да гласаа Европскиот парламент, како и многу пред март 2019 година“, изјави британската премиерка Тереза Меј во парламентот.

Меј, ветувајќи му на парламентот серија изгласувања на деловите од договорот за Брегзит „колку е можно поскоро“ се обиде да го спречи бунтот меѓу опозицијата, но и делумно меѓу нејзините владејачки конзервативци.

Тие би можеле да ја доведат владата во проблеми, бидејќи вложија амандман на законот за Брегзиот според кој парламентот би морал договорот за излегувањето од ЕУ задолжителен за гласање.

По шест дена жестоки дебати во парламентот Меј во средата вечерта може да доживее пораз, доколку пратениците побараат да им се дадат повеќе овластувањата околу конечниот договор за излегување од ЕУ.

Сите нив Меј ги предупреди дека со своите промени за планот за Брегзитот може да го загрозува мазно излегување на Британија од ЕУ.