Македонија

Британската премиерка денеска е во работна посета на Македонија Меј во Скопје за ЛГБТ заедницата и демократијата во земјата

Меј во Скопје за ЛГБТ заедницата и демократијата во земјата

Тереза ​​Меј ја потврди британската посветеност на европската безбедност  и ќе биде првиот британски премиер, по Тони Блер во 1999 во посета на Македонија по речиси 20 години, пренесува „Дејли меил“.

Таа денеска треба да се сретне со македонскиот премиер Зоран Заев.

Оваа година ние одбележуваме 25 годишнина од дипломатските релации меѓу Македонија и Велика Британија, а врската меѓу нашите земји е посилно од било кога, објаснува Меј.

Според неа Велика Британија следната година ќе ја напушти Европската унија, но не ја напушта Европа

Ние ќе продолжиме да работиме со нашите сојузници да ја заштитиме нашата колективна безбедност и задржување на европските вредности што  Македонија и Западен Балкан доследно ги поддржуваат. Последните војни на европско тло за жал се случија токму на Балканот, во Босна и Херцеговина, Хрватска и во Косово  во 1990-тите години, по распадот на поранешна Југославија и не сакаме да се повторат, вели таа за „Дејли маил“.

Даунинг стрит соопшти дека разговорите меѓу Меј и Заев во Македонија ќе бидат на теми за зајакнување на демократијата во поранешна комунистичка земја. Тие, исто така, ќе разговараат за спорот со соседна Грција околу името „Македонија” што не е решен од 1991 година.

Меј исто исто така, за време на нејзината посета ќе оствари средба со ЛГБТ Актив истите на Меѓународниот ден на борба против хомофобијата, трансфобија и Бифобија да ги слушне нивните искуства во земјата, велат од  Даунинг стрит, пренесува „Дејли меил“