Мекалистер: ЕУ останува посветена на проширувањето

Европската унија и покрај внатрешните и надворешни предизвици, останува посветена на проширувањето посебно на сите шест држави од Западен Балкан. Ова денес на заедничка прес-конференција во Белград со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ го потенцира известителот на Европскиот парламент Дејвид Мекалистер.

Британскиот референдум е прашање со кое ЕУ првпат се соочува, но и покрај внатрешните предизвици ние испраќаме јасна порака дека ЕУ останува посветена на нашата политика за проширување, особено кога станува збор за сите шест држави од Западен Балкан, изјави Мекалистер, пренесува МИА.

Мекалистер ја поздрави одлуката за отворање две важни поглавја за Србија во процесот на придржување кон ЕУ.

Поглавијата 23,  што се однесува на владеење на правото и 24 – правда, слобода и безбедност, беа отворени на 4. јули.