Свет

Мекдоналдс го бојкотира Крим, затвора три ресторани

Мекдоналдс го бојкотира Крим, затвора три ресторани

Американскиот бренд за брза храна Мекдоналдс соопштил дека ги затвора своите три ресторани на Крим и го проценува развојот на ситуацијата на овој црноморски полуостров.

Најголемиот ланец за хамбургери во светот во петокот навел дека одлуката за затворање на рестораните ја донел исклучиво врз основа на деловни причини и дека нема никаква врска со политика.

Деловните причини се прекин на финансиските и банкарските услуги како и причини околу производството на што компанијата не може да влијае.