Спорт

Мекејлеб без решение за Барселона

Мекејлеб без решение за Барселона

Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб со својот Фенербахче претрпе убедлив пораз на гостувањето од Барселона со 93:73 на деветиот дуел од Топ 16 фазата во Групата Е во Евролигата.

Турците беа апсолутно немоќен противник на расположената Барса која стигна и до деветтата победа за убедливо прво место во групата. Мекејлеб за 28 минути на паркетот постигна 11 поени, дополнети со два скока и две асистенции.

Лидер во триумфот на Барселона беше Анте Томиќ со 19 постигнати поени, додека Нахбар запиша 13 поени.