Мекејлеб и Баерн до првата победа во Еврокупот

По лошите настапи во првата фаза од кошаркарската Евролига, Лестер Бо Мекејлеб и Баерн Минхен успешно ја стартуваа новата авантура, овојпат во Еврокупот.

“Баварците” славеа на францускиот тим Дижон со 93:84, а најефикасен кај домаќините беше токму Мекејлеб, кој забележа 16 поени, надополнети со 4 асистенции, 1 скок и 1 украдена топка.

Одлична партија во тимот на Баерн пружија и Брајант со 15, односно Тејлор со 14 поени.