Мекејлеб и понатаму останува “баварец”

Натурализираниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб ќе остане во редовите на германскиот тим Баерн Минхен уште одреден период, односно до крајот на јануари.

Тој на настапите за Баерн во просек постигнува 9.8 поени, 3.6 асистенции и 2.4 скокови, што сепак беше недоволно за да ја поминат групата во Евролигата.

Бо Мекејлеб пристигна во Минхен како замена за Србинот Василије Мициќ, кој заработи незгодна повреда, и првично требаше да биде еден месец помеѓу “баварците”, но сепак раководството на Баерн се реши да му го продолжи договорот до 31 јануари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.