Мекејлеб заминува преку “барата” – ќе игра во НБА лигата

Бо Мекејлеб заминува преку барата - ќе игра во НБА лигата

Натурализираниот Американец воопшто не криел дека најголема желба е да заигра во најсилната кошаркарски лига во светот, што многу брзо може да му се оствари.

“Пеликаните” имаат проблеми на плејмејкерската позиција по повредата на Норис Кол, кој најмалку шест недели ќе биде во аут, поради што сериозно размислуваат да го ангажираат Мекејлеб. Но, за да го стори тоа, Њу Орлеанс прво мора да отпушти еден играч од ростерот, кој во моментов им брои максимални 20 кошаркари.

Задоволството кај “Македонецот” е уште поголемо поради фактот што би играл во својот роден град, каде што ги направил првите кошаркарски чекори, настапувајќи прво за средното училиште “Пери Вокер”, а потоа и за универзитетот Њу Орлеанс.

Зад Мекејлеб е сезона за заборав, во која повеќе време беше повреден, а настапи само кусо време во дресот на Баерн Минхен.

Европската кариера ја почна во турски Мерсин, по што играше за Партизан, Монтепаски и за Фенербахче. За Македонија прифати да игра во 2010 година, во квалификациите за ЕП 2011, каде што потоа брилјираше и беше избран во најдобрата петорка на турнирот, а настапи и на следниот континентален собир две години подоцна во Словенија.