Мекејн: Никому не му е во интерес да дојде до распад на Македонија

Потребен е многу поголем ангажман и посредување во мошне динамичната и експлозивна состојба во Македонија. Никому не му е во интерес да дојде до распад на Македонија, истакнува претседавачот на Комитетот за вооружените сили во Сенатот на САД Џон Мекејн во интервју за српската редакција на Гласот на Америка.

Коментирајќи ја ситуацијата на Балканот, сенаторот Мекејн оценува дека по огромниот напредок по конфликтот во 1990-те, сега повторно растат тензиите и нестабилноста во регионот, а пример за тоа, како што наведува, е кризата во Македонија.

– Веруваме дека тоа е тоа е резултат на изостанувањето на американското и европското лидерство. Учествувавме во решавањето на тамошниот конфликт, имаше многу загубени животи, но во последните години изгледа го напуштивме регионот. Тоа е уште еден пример дека американското лидерство е апсолутно неопходно, вели сенаторот и поранешен кандидат за претседател на САД Џон Мекејн.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.