Меккејн му порача на Ирак дека ќе има последици за можен напад врз Курдите

Американскиот сенатор Џон Меккеј, влијателниот претседател на сенатскиот Комитет за вооружените сили, ја предупреди во понеделникот ирачката влада дека ќе понесе „сериозни последици“ доколку одлучи оружјето испорачано од САД га го употреби против курдските сили.

„САД обезбедија опрема и обука на силите на ирачката влада да се борат против Исламската држава и да се брани од надворешни закани, а не да ги напаѓа елементите на сопствената покраинска влада која е долгогодишен вреден партнер на САД“, порача сенаторот Џон Меккејн.

„Доколку погрешите, ќе следат сериозни последици доколку видиме дела американската опрема се користи на тој начин“, додаде републиканецот.

Минатата 2016 година, голема група ирачки пратеници побараа од владата итна набавка на вооружување на армијата со руско оружје, обвинувајќи ги САД и од нив предводената коалиција дека во воздушните испораки на оружје, понекогаш необјасниво и покрај предупредувањата од земјата, испораките ги исфрлале на териториите под контрола на Исламската држава.

Инаку Русија веќе му испорача во 2015 година на Ирак повеќе борбени хеликоптери „Ми-28“ минатиот август, кусо по итните испораки на хеликоптерите „Ми-35“ и ловците „Су-25“ кои се користат во борбите со џихадистите, откако САД решија да ги одложат платените оружја, оправдувајќи се со стравувањата дека може да паднат во рацете на Исламската држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.