Мексиканецот Маркез трет играч во историјата кој играл на пет мундијали

Мексиканецот Рафаел Маркез кој влезе во игра во 74 минута на натпреварот со Германија влезе во историјата како третиот фудбалер кој настапил дури на пет светски првенства,

Поранешниот играч на Барселона и Монако, 39-годишниот Маркез играл за Мексико на светските првенства во 2002, 2006, 2010, 2014 и 2018 година. Со пет мундијали му се придружи на својот сонародник Антонио Карбахал (1950, 1954, 1958, 1962, 1966) и на Германецот Лотар Матеус 1982, 1986, 1990, 1994, 1998).

За Маркез натпреварот со актуелниот светски шампион Германија, кој Мексиканците изненадувачки го добија со 1:0, ова му беше 144-от меч во националниот дрес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.