Мексиканска пречка за моќната Холандија

Дефинитивно, најимпресивна игра во групната фаза презентираа репрезентативците на Холандија кои не би требало да имаат некои посериозен проблем во денешниот 1/8 финален дуел каде за противник го имаат секогаш незгодниот тим на Мексико.

Избраниците на Луи ван Гал прво го понижија актуелниот светски и европски шампион, репрезентацијата на Шпанија, потоа си поиграа со Австралија, за на крај да ја преслушаат и репрезентацијата на Чиле.
Иако можат да се пофалат со фактот дека останале непоразени во дуелот против Бразил и забележале две победи во групната фаза, тешко е за верување дека репрезентативците на Мексико ќе излезат на крај со холандското три Ван Перси – Робен – Снајдер.

“Многу тежок противник, нема да ни биде лесно, напротив, ќе ни биде пеколно тешко. Нема да се предадеме без борба, ќе дадеме се од себе. Мора да бидеме фокусирани во текот на целиот натпревар, да внимаваме и на најситните детали. Холандија има тим кој е составен од фубалери кои можат во секој момент да ја направат потребната разлика. И Мексико игра убав, атрактивен, ефикасен фудбал. И ние имаме силна страна, нема да и биде лесно на Холандија, изјави мексиканскиот голман, Гилермо Очоа.