Мексико: 30 лица се повредени при уривањето на шатор

Триесет лица се повредени при уривањето на шатор во Мексико, за време на прослава на Денот на вљубените, пренесе „РИА Новости“.

Инцидентот се случил во општина Николас Ромеро, во државата Мехико. Според податоците на локалните власти конструкциите што го држеле шаторот се урнале поради силен ветер.