Мексико: Цивили презеле нарко картел

Вооружени цивили кои се борат против нарко дилерите во Мексико го зазеле градот кој што се смета за упориште на нарко картелите.

Официјално лица од државата Мичоакан соопштил дека цивилната милија влегла во градот Апацинган и дека заедно со федералната полиција „ќе бидат задолжени за безбедноста во градот“, пренесува АФП.

Незадоволни од неуспехот на локалната полиција да го сузбие делувањето на нарко картелите и нивното насилство, цивилите во Мексико почнале да се самоорганизираат пред година дена, особено во регионот Мичоакан.