Мексико го собори рекордот во најдолга низа хот-догови

Мексико го прославува „историскиот“ ден откако во неделата го собори Гинисовиот рекорд во најдолга низа хот-догови на светот, наредувајќи 1.417 метри од овој популарен сендвич со хреновка.

Досегашниот рекорд во оваа категорија ѝ припаѓаше на Јапонија, чијашто низа од хот-догови беше долга 325,66 метри.

Во текот на четири часа во Запопан, во поширокото градско подрачје на Гвадалахара, биле наредни 10.000 хот-догови или како што локално ги нарекуваат „перос калиентес“. Хот-договите биле зачинети со 100 килограми сос од домати, 100 кгр мајонез и 75 кгр сенф.

Правилата биле многу прецизни: „Секој хот-дог мора да има колбас, најмалку два соса, а должината на хот-догот не смее да надмине 18 сантиметри. Сето тоа беше почитувано“, изјавила Ракел Асис, судијка од Гинисовата книга на рекордите.

На завршната дегустација присуствувале повеќе од две илјади луѓе.

„За ова се подготвуваме цела година. Идејата се роди поради фактот дека во овој регион многу ги сакаме хот-договите“, рекла ораганизаторка на настанот, Марија Еугенија Виља.