Мексико им возврати на САД со царини за челикот, свинското и вискито

Мексико во вторникот им возврати на САД и воведе царини за увозот на американски челик, и низа земјоделски и прехранбени производи, од свинското месо до виското, реакција којашто се смета дека особено ќе ги погоди американските сојузни држави каде што на власт се претставници на Републиканската партија, чиј кандидат беше претседателот Доналд Трамп.

Од вторник Мексико воведе царини од 25 отсто на американските производи од челик, 20 отсто на производите од свинско месо, како и на јаболката и компирите, а 20 до 25 отсто царини на разните видови сирења и виски.

Истовремено Мексико ја укинува царината на одредената квота на увоз на свинско месо од другите земји. Мексиканското министерство за економија во службениот весник на земјата ја објави листата американски производи на коишто ќе се плаќаат царини.

Владата на Мексико најави минатата седмица противмерки на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини она увозот на челикот и алуминиумот, и реши да возврати со царини на производите од оние американски сојузни држави на коишто се на власт републиканците.

Републиканската партија во ноември ја очекуваат избори, а една од поранливите држави е Ајова, којашто во Мексико извезува големи количества свинско месо и каде што гувернер е републиканецот Род Блум. Мексико со најавените мерки сака да ѝ наштети на оваа партија која го кандидираше Трамп, кој во март воведе царини на увозот на челик од 25 отсто и 10 отсто на увозот на алуминиум, наведувајќи ја како причини националната безбедност, односно заштитата на домашниот сектор.

Мексико, Канада и ЕУ во почетокот беа изземени од овие царини. Но на 1-ви јуни , Вашингтон го објави укинувањето на ова изземање и стапување на сила на царините. Одлуката предизвика силни реакции во погодените земји, но и кај некои истакнати членови на Републиканската партија.

Трамп заговара склучување посебни трговски договори со секоја земја, а не колективни и регионални, а со царините настојува да ја заштити американската индустрија и работници од она што тој го нарекува нелојална меѓународната конкуренција, што е клучниот момент од неговата политика „Америка на прво место“.