Свет

Мексико ќе ги тужи „Кока-Кола“, „ПепсиКо“, „Хершиз“, „Нестле“ и „Унилевер“ поради реклами

Мексико ќе ги тужи „Кока-Кола“, „ПепсиКо“, „Хершиз“, „Нестле“ и „Унилевер“ поради реклами

Мексиканската Влада има намера да тужи компании на прехранбената индустрија поради рекламирање на производи кои поттикнуваат дебелина.

Владата на Мексико сака парично да се казни „Кока-Кола“, „ПепсиКо“, „Хершиз“, „Нестле“ и локалната компанија „Унилевер“, поради непочитување на новиот правилник за рекламирање на прехранбени произвоиди кои поттикнуваат дебелина меѓу младите.

Федералната комисија за заштита од ризик по здравјето „Кофеприз“, означи шест рекламни спотови поради непочитување на правилникот за рекламирање на производи со барање за нивно итно повлекување и со најава дека подготвува санкции против тие компании.