Мексико подготвен за хрватската офанзива

Денеска, убедливо најголемо внимание ќе привлече дуелот од последното коло во групата “А”, дуелот помеѓу директните ривали за втората позиција, која гарантира настап во 1/8 финалната рунда, репрезентациите на Мексико и Хрватска.
Големиот сон, палсман во следната рунда ќе стане реалност за “коцкастите” доколку ги освојат драгоцените три бода, додека репрезентативците на Мексико ќе бидат пресрешни доколку дуелот против Хрватска заврши и без победник.

„Веќе со полна пареа се подготвуваме за дуелот против репрезентацијата на Мексико. Имаме потреба од победа, ќе се задоволиме само со три бода. Работиме на тој проблем. Ги гледав двата натпревара на следниот противник. Нема никакво изненадување, треба сите коцки да си дојдат на своето место. Знаеме каде се најсилни, каде се најквалитетни, но и каде се најслаби. Ги знаеме слабите точки. Одигравме одлично на претходните два натпревара, зошто да не одиграме одлично и на третиот”, изјави селекторот на Хрватска, Нико Ковач.