Свет

Мексико: Убиени 10 членови на картелот „Зетас“

Мексико: Убиени 10 членови на картелот „Зетас“

Мексиканската војка убила 10 припадници на озогласениот картел „Зетас“ во државата Веракруз.

Мексико: Убиени 10 членови на картелот „Зетас“

Картелот Зетас го основале поранешни елитни војници. Картелот е виновен за насилствата кои го потресуваат Мексико во последниве години.

Но, како што сметаат мексиканските власти, во последниве години, картелот е послаб бидејќи неговите водачи се или фатени или убиени.

Картелот воглавно се занимава со круимчарење во мигранти во САД, изнудување и киднапирање поради откуп.

Повеќе од 1.700 луѓе се киднапирани минатата година во Мексико. Веракруз е меѓу првите 10 земји во светот со најголем број киднапирања.