Мексико: Во престрелка во Гуереро убиени 11 лица

Единаесет лица се убиени во престрелка, која настанала за време на празнувањето на роденденот на едно 15-годишно девојче во сојузната мексиканска држава Гуереро, соопшти гувернерот на државата, пренесува БТА.

– Имаше проблем за време на празнувањето на 15. роденден и според информациите со кои располагаме, 11 лица се убиени, изјави за медиумите Ектор Астудилбо.

– Престрелката настанала во петокот вечерта во селото Кундансито, а другиот ден, оние кои се обидоа да стигнат до местото, распоредени во неколку патроли, биле пречекани со истрели, додаде гувернерот.

Гуереро е држава со најголем број на убиства и киднапирања во Мексико.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.