Мел Гибсон позира со 34 години помладата девојка

Мел Гибсон присуствуваше на премиерата на својот најнов филмски проект „Hacksaw Ridge“.

60-годишниот актер ја доби поддршката од својата 26-годишна девојка Росалинд Рос, која го придружуваше на прикажувањето на филмот во Сиднеј.

gibson-trudna

Рос е бремена со првото дете со Гибсон. Ова ќе биде деветто дете на холивудскиот актер кој има шест сина и една ќерка од бракот со Робин Мур и 7-годишна ќерка со Русинката Оксана Григориева.