Магазин

Мел Гибсон се враќа на големото платно

Мел Гибсон се враќа на големото платно

По четиригодишна пауза актерот Мел Гибсон се враќа во новиот филм под име „Заштитник“, кој е снимен според истоимениот роман.

Дејствието во филмот го следи поранешниот затвореник Џон Линк (кој го глуми Гибсон), чија 16-годишна ќерка има проблеми со насилни дилери на дрога.

Иако Џон донекаде се смирил и времено се откажал од своите поранешни бурни активности, сепак се враќа во „игра“ на работ од законот и разумот, со цел да ја заштити својата отуѓена ќерка и повторно со неа да воспостави родителски однос.

Во филмот играат и Ерин Моријарти, Диего Луна и Мајкл Паркс, а режисер е Жан-Франсоа Рише, познат по филмот „Државен непријател бр.1“.