Меланија Трамп излезе од операциона сала

Првата дама на САД Меланија Трамп вчера беше примена во болница, каде што и беше извршена операција на бубрег, а ја посети нејзиниот сопруг, американскиот  претседател Доналд Трамп.

– Ова утро (понеделник), првата дама Меланија Трамп беше подложена на постапка за емболизација за лечење на бенигна бубрежна болеста. Процедурата беше успешна и немаше компликации, изјави портпаролката на првата дама, Стефани Гришам.

Меланија Трамп (48) била примена во Националниот воен медицински центар „Волтер Рид” и веројатно ќе остане таму до крајот на оваа недела.

Според Си-Ен-Ен, нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, бил во Белата куќа за време на операцијата.

Тој со хеликоптер бил да ја посети својата сопруга во воено-медицински центар, а на Твитер објави дека Меланија е добро расположена.

– На пат кон медицинскиот центар „Волтер Рид “, за да ја видам нашата прекрасна прва дама, Меланија. Успешна процедура, таа е добро расположена. Благодарам на сите за добрите желби, порача Трамп.