Македонија

реакција на медиумски написи Мемеди негира вмешаност во настаните на 27 април во Собранието

Мемеди негира вмешаност во настаните на 27 април во Собранието

Весел Мемеди, претседател на Национална демократска преродба  (НДП), која е дел од новата власт, реагира на неодамнешните информации во некои медиуми дека полицијата извршила претрес во неговиот дом, при што му бил одземен мобилниот телефон поради сомнеж за негова вклученост во настаните од 27-ми април во Собранието.

Мемеди преку соопштение до јавноста вели дека иако неговото име било спомнувано, како што вели, „без ниедно право“ зашто тој не бил  вклучен во ниедна противзаконска активност. Очекува од правните органи и јавно да се произнесат и да ја верифицираат неговата невиност.

„Го поздравувам ова определување на новата власт која ја создадовме со голем напор и жртвување, за да првпат да им се овозможи на институциите место да се посветат сериозно на обеледување на вистината која долго време ја очекуваат граѓаните на Македонија. Во оваа акција на правните органи за обеледување на вистината за настаните во парламентот, беше вклучено и моето име како еден од осомничените за овој настан. Намерно молчев, за да им се овозможи на овие правни органи непречено и професионално да си ја завршат работата без ниедна внатрешна или надворешна пречка. Иако моето име беше спомнато без ниедно право, мило мие штo дојде време што за нашата вина или невиност да зборуваат правните органи, а не насилниците и клеветниците. Jaс сум горд што во ниедна можност, со ниеден факт, не сум вклучен во ниeдна противзаконска активност, и очекувам од правните органи и јавно да се произнесат и да ја верифицираат мојата невиност, и заедно со верните членови на НДП и нашите семејства да бидеме уште по горди“, вели Мемеди во соопштението.

Ги повикува сите граѓани на Македонија да немаат страв од правдата и правните органи, туку да соработуваат и да ги подржат до крај, за да, како што вели, на оваа работа да ѝ се стави крај.

Мемеди, исто така, ја поздравува одлуката на правните органи да ги ослободат сите невини во случајот ЊМонструм, и, како што вели во изјавата, бара да се најдат вистинските убијци и што побргу да излезат пред судот.

„Верувам дека ова е почетокот на крајот на неправедноста во име на државата“, завршува Мемеди.