Мемети: Во затворот во Идризово владеат нехумани услови, корупција и дрога

Народниот правобранител Иџет Мемети на прес-конференција во вторникот го презенитираше годишниот извештај при што рече дека условите во затворот се крајно нечовечки и понижувачки услови, како и дека силно е изразена копруцијата.

Меџити истакна дека во најголемата казнена установа во земјата се сместени 1.966 осуденици, што е двојно повеќе од капацитетите на затворот „Идризово“. ОЦени дека во „страшна состојба“ се и приемното и амбулантното одделение.

„Во приемното одделение нема прозорци и кревети, а во амбулантното одделение болните спијат на кревети без душек. Бактерии и вируси демнат од сите страни” , рече Мемети.

Правобранителот укажа дека во затворот владее корупција и дека за пари затворениците можат да купат мобилни телефони, кревети, меѓутоа и дрога.

Мемети додаде дека посета извршиле и во осум полициски станици, од кои само една ги исполнувала минималните услови.

Во овој извештај се направени вкупно 50 посети од кои четири во казнено-поправни установи, осум во полициски станици, една во заводот во Демир Капија и во 37 во центрите за згрижување бегалци.

Посетите ги правеле лица ангажирани со договор на дело затоа што Македонија немала Национален превентивен механизам. Ангажирани биле криминолози, психолог и психијатар, правници, социјални работници и медицинска сестра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.