Магазин

Мемоарите на Јованка Броз откриваат тајни кои ќе ја потресат светската јавност

Мемоарите на Јованка Броз откриваат тајни кои ќе ја потресат светската јавност

Наскоро од печат треба да излезат мемоарите на Јованка Броз, кои најверојатно ќе ги издаде странски издавач. Објавата на книгата сигурно ќе се потресе не само српската туку и светската јавност. Мемоарите детално ќе го разоткриат времето во кое живеевме, кои биле кројачи на нашата судбина од сенка, вели режисерот Милан Сарач, долгогодишен пријател на вдовицата на Тито.

Јованка Броз мене лично ми рече дека белешките се однесуваат на времето додека таа била со Тито, вели Сарач.

Мемоарите откриваат пет тајни, како што се: она што не се знаело за Тито, зошто сменет Александар Ранковиќ, каде се коските на Дража Михајловиќ, кој што работел за време на окупацијата како и приказни од животот на политичките противници на нејзиното време.

Мемоарите веќе подолго време се чувале надвор од Србија кај некој пријател на Јованка.

Не знам кој е нејзиниот пријател но сигурно знам дека ракописот не е во Србија. По него трагаат тајните служби на Србија но и други разузнавачки служби кои се засегнати од она што е напишано во него. Се претпоставува дека Јованка има информации за многу заткулисни пресметки, вели Сарач за Новости.

Јованка беше сведок на домашните и светските политички процеси кои тогаш се случуваа. Еден добар дел од овие процеси е се уште актуелен, без разлика колку ни се чини дека поминало многу време од тогаш.

Под закана со смрт за неа и нејзините роднини на Јованка и беше забрането да пишува додека таа беше во изолација. Сепак, пред крајот на својот живот таа се одлучи да напише што знае, вели за српски Новости нејзиниот пријател Милан Сарач.